Далглиш верува во Клоп и Ливерпул

Легендата на Ливерпул Кени Далглиш верува во Јирген Клоп и во неговиот тим, а очекува титулата по долг пост да пристигне на „Енфилд Роуд“.

„Јирген заслужува Оскар. Одлично го води тимот сезонава и покрај огромниот притисок што го трпи. Некои луѓе велат дека Манчестер сити е посилен. Па ова е фудбал, не е натпреварување во кревање товар, па да мериме сила. Стасавме далеку, многу работи беа добри и ако продолжиме во ист стил верувам дека ќе бидеме среќни на крајот“, вели Далглиш.

Тој е дел од генерацијата на Ливерпул што доминираше во англискиот, но и европскиот фудбал во финишот на 70-те и во следната деценија од минатиот век со шест титули на домашен план и три европски круни.

- Оглас -

Најнови вести