Голманот на Ливерпул и на бразилската репрезентација, Алисон Бекер, одлучи да ја стави куќата во англискиот град на продажба. Тој очекува куќата да биде продадена за 4,75 милиони фунти, објаби таблоидот „Сан“.
Оваа вест загрижи поголем дел од навивачите на Ливерпул бидејќи стравуваат дека налето може да се случи егзодус откако пред неколку месеци менаџерот Јирген Клоп потврди дека на крајот од сезоната ќе си замине од Ливерпул.
Англиските медиуми шпекулираат дека по одлуката на Клоп да си оди, можно е неговите стапки да ги следат Алисон, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.
„Сан“ пишува дека засега е непознато дали голманот ја продава куќата бидејќи си оди од Ливерпул или сака да купи друга куќа.