Дали Антиќ ќе има противкандидат на претседателското столче во КФМ

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) денеска закажа изборно собрание кое ќе се одржи на 29 март и на кое ќе се избира нов претседател и органи кои ќе ја предводат македонската кошарка во наредните четири години.

Перо Антиќ во 2019 година седна на претседателското столче на КФМ i иако нема официјална информација, повеќе од сигурно е дека ќе побара нов четиригодишен мандат.

Седницата на Изборното собрание ќе се одржи на 29 март во хотелот „Александар Палас“ во Скопје и покрај претседател, ќе бидат избрани и нов управен и надзорен одбор на КФМ.

- Оглас -

Најнови вести