Дали Барселона беше оштетена против Наполи? Од ВАР собата не реагираа, а Наполи даде гол (Видео)

Наполи и Барселона одиграа 1:1, па се очекува реваншот во каталонската престолнина да биде интересен и неизвесен, но секако тогаш ќе мора да има победник, за да се дознае патникот во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Барселона поведе со голот на Левандовски, а Наполи израмни преку Осимен. Токму во акцијата по која Осимен даде гол за 1:1 предизвика дилема кај дел од фановите и стручњаците.

Според снимка која се појави од моментот во кој Осимен ја прими толката и се ослободи од противничкиот играч, диелмата е дали напаѓачот на Наполи направил прекршок. Таа ситуација може да ја погледнете ТУКА.

Судиите од ВАР собара не реагираа и го признаа голот, па на реваншот во Барселона се оди со резултат 1:1 и за две недели ќе мора да има победник за да се дознае патникот меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

- Оглас -

Најнови вести