17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Дали Барселона најде решение, Меси доаѓа на позајмица?

Управата на Барселона се обидува на сите можни начини да го врати Лионел Меси на „Камп Ноу“, но поради проблеми со финансискиот фер-плеј, Ла Лига засега не дозволува Аргентинецот да се врати во тимот во кој помина 20 години.

Но, аргентинските медиуми пишуваат дека Меси налето, сепак може да заврши во Барселона и тоа како позајмен играч.

На тој начин каталонскиот тим би ги избегнал проблемите со финансискиот фер-плеј, а Меси би се вратил на „Камп Ноу“ како позајмен играч од Интер Мајами.

https://twitter.com/ManagingBarca/status/1657356053175242752?s=20

Според медиумите од татковината на Меси, фудбалерот во летниот преоден рок откако ќе му истече договорот со ПСЖ, ќе потпише четиригодишен договор со тимот чиј сопственик е Дејвид Бекам, и веднаш би заминал на едногодишна позајмица во Барселона, со можност да остане уште една сезона на „Камп Ноу“.

- Оглас -

Најнови вести