Карим Бензема пред крајот на минатата година ненадејно на напушти Саудиска Арабија и се врати во Европа, а сега медиумите се прашуваат дали Французинот ќе се врати во Ал-Итихад.
Бензема пред да ја напушти Саудиска Арабија, го избриша профилот на Инстаграм на кој имаше повеќе од 76 милиони следбеници бидејќи се најде на удар на навивачи на Ал-Итихад кои го прогласија за најголем виновник за лошите резултати.
Според саудиските медиуми, Ал-Итихад му дозволил на три дена да се врати во Европа поради „специјална ситуација“.
„Марка“ пишува дека напаѓачот има проблеми со стапалото, но другите шпански медиуми објавија дека Бензема прави се што е во негова можност да добие раскин на договорот и да се врати во Европа.