Дали Боли погреши што гo врати Лампард, четири меча и четири порази

Реал Мадрид со две победи од по 2:0 ја продолжи агонијата на Челзи и си обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите и го остави менаџерот на Сините, Франк Лампард, без ниту еден позитивен резултат откако седна на клупата.

Сопственикот на Сините, американскиот милијардер Тод Боли, неодамна му даде отказ на тренерот Греам Потер и на негово место го врати Лампард, кој има катастрофален учинок.

Откако по вторпат седна на клупата на Челзи, Лампард ги загуби сите четири натпревари, двата против Реал (2:0, 2:0) во ЛШ и двата меча во Премиер лигата, и тоа против Вулверхемптон (1:0) и Брајтон (2:1).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести