Денеска се играат четири натпревари од десеттото коло во Првата фудбалска лига чиј почеток е закажан за 14 часот, додека останатите два меча ќе се играат утре.
Еден од највозбудливите натпревари треба да се одигра во Струмица каде Брера ќе го пречека новиот прволигаш Гостивар.
Брера одлично ја отвори сезоната, нанижа четири победи по ред, но потоа влезе во лоша серија и веќе пет меча е без триумф и од лидер на табелата, падна на петтата позиција со 14 бода, дури шест помалку од Шкендија.
Домаќинот ја има фаворитската улога,и квотата во Sport Life за единица изнесува 1.97, додека победата на Гостивар има повисока квота и изнесува 3.45.
Интересно се очекува да биде и во Кавадарци каде Тиквеш го пречекува тимот на Шкупи кој се наоѓа во серија од три победи по ред. Минатата сезона овие два тима одиграа трипати и имаат половичен скор, по една победа, пораз и реми.
Брегалница во Штип ќе го пречека тимот на Работнички кој се наоѓа во подобра форма, додека во последниот денешен дуел ќе се сретнат Воска спорт и Македонија ЃП.