Екипата на Челзи и покрај големите инвестиции, сепак игра очајна сезона во англиската Премиер лига. Не помогна ниту ангажманот на Франк Лампард, кој има четири порази на првите четири натпревари откако се врати во Челзи.
Медиумите од Островот информираат дека денес се одржани преговори помеѓу сопственикот на Челзи, Тод Бојли, и аргентинскиот тренер Маурисио Покетино. Сепак, како што пренесуваат англиските медиуми, Покетино е само еден од кандидатите и работата е далеку од завршена.
Сè уште не е познато дали Покетино би седнал на клупата на Сините од Лондон веднаш или тоа ќе се случи налето.
https://twitter.com/SkySportsNews/status/1649098153730228238?s=20