Британскиот тенисер Енди Мареј, кој го освојуваше грен-слемот Вимблдон во 2013 и 2016 година, верува дека уште е топ тенисер, и се надева дека дури може и да го освои неофицијалното Светско првенство како што го нарекуваат лондонскиот грен-слем на тревнатите терени на „Ол Ингланд клубот“, познат како Вимблдон.
„Знам дека сум способен да играм на високо ниво. Почнав да верувам, да ги визуализирам работите, што не беше случај претходните години. Очекувам добри резултати“ – вели 33-годишниот Шкот кој е 113-ти на најновата АТП листа.
Но, оптимизмот кај Мареј е огромен, можеби и нереален.
„Освојување на титулата во Мајами звучни премногу амбициозно сега, но чувствувам дека можам да се натпреварувам со најдобруте на светот. Се надевам дека ќе останам здрав во наредните месец и дека ќе имам повеќе победи. Сакам да игра на Вимблдон, чувствувам дека имам шанса и да го освојам. Свесен сум колку би било тешко тоа, но верувам дека е можно. Сигурен сум дека луѓето ќе речат дека сум во заблуда и дека моите најдобри денови поминаа, што можеби е точно, но јас и понатаму верувам дека можам да бидам рамноправен со најдобрите на светот“ – заклучува Мареј.