Фудбалската репрезентација на Македонија во моментов се наоѓа на првото место во групата Ј од квалификациите за Светското првенство, а таму може да остане и најмалку до септември кога се игра наредната рунда квалификации.
Имаме еден меч повеќе од Велс кој има бод помалку од нас, па ни треба победа на Белгија за да останеме лидери. Следниот меч за Македонија е против Лихтенштајн, па и после тој дуел би требало да бидеме први.
Но, победа на Белгија над Велс може да значи дека Црвените ѓаволи кога ќе ги одиграат заостанатите мечеви, ќе станат први фаворити за освојување на првото место кое директно води на СП. Вториот игра бараж.
Македонија е многу блиску, речиси сигурно во бараж и тоа преку Лигата на нации, но така би биле во четврти шешир и би гостувале и во полуфинале каде би имале потежок ривал и во евентуалното финале. Ако во бараж влеземе како втори во групата од овие квалификации, тогаш би биле ви трети шешир и би играле полуфинале на гости со некој од вториот, но теоретски финалето би можеле да го играме дома ако ни се погоди ждрепката.