Арсенал на свој терен ја пречекува Валенсија, а Челзи ќе гостува во Франкфурт против Ајнтрахт во двата први меча од полуфиналето во Лигата на Европа. Главна цел на сите четири клуба е не само да стигнат до финалето, туку со освојување на троефјот, да добијат билет за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.
Англичаните беа горди што во сите четири меча од полуфиналињата во ЛШ и ЛЕ имаат свој претставник. Сепак, по двата меча во елитната лига на УЕФА, екипите од Островот не поминаа добро. Тотенхем на свој терен загуби од Ајакс со 0-1, а Ливерпул со 3-0 загуби на гости кај Барселона. Тоа значи дека не само што загубија, туку воопшто не постигнаа ниту еден гол.
Вечерва следуваат двата меча во полуфиналето од Лигата на Европа, а Арсенал и Челзи треба да ја спасат честа. „Топчиите“ играат пред своите навивачи, но Валенсија е опасен ривал. Досега овие клубови се сретнале петпати, а Арсенал има само една победа, двапати се радувала Валенсија, а два дуели завршиле нерешено.
Челзи и Ајнтрахт никогаш досега не играле меѓусебе. Англичаните ја имаат улогата на фаворити, но Ајнтрахт предводен од Јовиќ и домашните навивачи очекува да стигне резултат кој ќе гарантира интересен реванш на „Стемфорд бриџ“. Вечерва ќе видиме дали англичаните барем малку ќе се коригираат за поразите на Тотенхем и Ливерпул во полуфиналните дуели од ЛШ.
Ова се можните состави за двата вечерашни дуели кои ќе започнат во 21 часот.
АРСЕНАЛ – ВАЛЕНСИЈА
Арсенал: Лено, Папастатопулос, Кошќелни, Монреал, Колашинац, Џака, Тореира, Озил, Ивоби, Обамејанг, Лаказет.
Валенсија: Нето, Пичини, Гарај, Ронкалја, Гаја, Парехо, Вас, Солер, Гуедеш, Мина, Родриго.
АЈНТРАХТ – ЧЕЛЗИ
Ајнтрахт: Трап, Хасебе, Хинтерегер, Ндика, Костиќ, Фернандес, Роде, Да Коста, Гачиновиќ, Јовиќ, Пасиенсиа.
Челзи: Кепа, Аспиликуета, Кристенсен, Луиз, Алонсо, Канте, Жоргињо, Лофтус Чик, Азар, Педро, Жиру.