Дали дојде време за нерешено да „заврши“ големото дерби меѓу Црвена ѕвезда и Партизан?

Фокусот на кошаркарските фанови вечерва ќе биде насочен кон Белград, каде што во „Штарк арената“ ќе играат вечните ривали Црвена ѕвезда и Партизан. Ова ќе биде пресметка од 13-тото коло во регионалната АБА-лига.

Партизан имаше 11 победи во низа, а потоа загуби од Будуќност на свој терен, па сега има дополнителен притисок да одигра добро во дуелот против вечниот ривал, и тоа како гостин.

Црвена ѕвезда е со 10 победи и два пораза, а Црвено-белите се полни со самодоверба кога играат против градскиот ривал затоа што имаа седум победи по ред, а таа низа им заврши минатиот месец, кога загубија во пресметка од Евролигата.

Без разлика колку се неизвесни и непредвидливи дерби-дуелите, интересно е дека во последните 32 пресметки никогаш не било нерешено по 40 минути игра. Последен пат реми во регуларниот дел било на 16 февруари 2020 година, кога резултатот беше 78:78, а на крајот Партизан славеше со 85:84.

Од тој меч, па досега се одиграа 32 дерби-пресметки меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, а интересно е дека дури десетпати победникот бил решен со разлика што може да се достигне во еден напад. На пет дуела разликата била само еден поен, па можеби е дојдено време за нерешено и дополнителни возбудувања на дербито во Белград.

- Оглас -

Најнови вести