Лионел Меси постигна два гола во победата на Аргентина против Венецуела од 3:0. Ова беше меч од квалификациите за пласман на Светско првенство, кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
Овој меч одигран во Буенос Аирес беше со посебна емоција затоа што според многу најави, ова беше последен натпревар на Меси одигран на аргентинско тло во националниот дрес.
Ова треба да е најава дека Меси ќе игра на Светското првенство следната година, а потоа оди во репрезентативна пензија. Прашање е дали тоа ќе биде само репрезентативна или целосна пензија на аргентинскиот виртуоз од фудбалот.
Меси има 38 години, но уште е незадржлив за противниците, без разлика дали е во дресот на Интер Мајами или е дел од аргентинската репрезентација.
Што вели статистката за Меси во 2025 година. Тој има одиграно 37 натпревари, во кои постигна 29 гола, а имаше и 11 асистенции, бројки кои доволно зборуваат за неговиот ефект на теренот.