Каталонските медиуми тврдат дека ако Нејмар реши летово да го напушти ПСЖ, негова следна дестинација би била само Барселона, но весникот „Индепендент“ објави една шпекулација во која малкумина веруваат. На овој медиум пишува дека ПСЖ и Реал Мадрид ќе направат сензационална трампа со која Нејмар би преминал во Реал, а Герет Бејл ќе потпише за Светците.
ПСЖ смета на Нејмар за турнејата во Азија и нема намера да го продаде за помалку од парите кои овој клуб ги плати за Бразилецот за да го донесе од Барселона. Во Реал по секоја цена сакаат да се ослободат од Бејл, а можеби и ПСЖ ќе биде принуден да го продаде Нејмар, но не во Барса, па Бразилецот му беше нуден и на Јувентус.
За Бејл има финансиски примамлива понуда од кинески клуб, а тренерот Зинедин Зидан го изостави Велшанецот од тимот за контролата со Баерн Минхен и рече дека најдобро е што побрзо да си оди од Реал.