Дали е можно – Бока и Ривер како домаќини ќе играат на ист стадион?

Најпопуларните аргентински клубови и лути ривали, Ривер плејт и Бока јуниорс, во иднина би можеле своите натпревари како домаќини да ги играат на ист стадион кој би бил изграден во Буенос Аирес, а легендарните и застарени „Монументал“ и „Ла Бонбониера“ да заминат во историјата.

Во Италија, во неколку големи градови (Рим, Милано, Џенова), прволигашките клубови се цимери и играат на исти стадиони, и на Маракана во Рио често играат Фламенго и Флуминенсе, но отпорот во Аргентина за оваа идеја се очекува да биде голем и според првичните анкети, речиси 80 проценти од фановите не сакаат да играат на ист стадион со ривалот.

Од Бока веќе најавија дека немаат намера да се селат (идејата е новиот заеднички домашен терен да биде на 800 метри од сегашниот стадион на Ривер) и на тој начин да го загубат својот идентитет како клуб, и ја отфрлаат идејата која ја спомна претседателот на Ривер, Родолфо Донофрио. Сепак, никогаш не вели никогаш и во наредниот период ќе биде интересно да се види како ќе се развиваат настаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести