9.8 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Дали е можно, Двејн Вашингтон ги прослави утката на Карлик и поразот на Партизан?! (Видео)

Потег на еден од најдобрите кошаркари на белградскиот Партизан, Двејн Вашингтон, кој на синоќешниот меч со Фенербахче во Истанбул многумина остави во шок и додаде „сол на раната“ за навивачите на Црно-белите.

Без разлика дали тоа што го направи Вашингтон беше намерно или од невнимание, стана главна тема по натпреварот.

Во последниот напад на Партизан, Карлик Џонс утна тројка за продолжение. И додека целата сала се радуваше со кошаркарите на Фенербахче, верувале или не, славеше и Двејн Вашингтон, кој имаше необична реакција, со стисната тупаница гестикулираше како да се радува по утката на неговиот тимски колега.

Дали мислеше дека топката поминала низ обрачот, дали беше убеден дека Карлик Џонс изнудил фаул за три слоободни фрлања или нешто трето, засега останува нејасно. Во секој случај, ова видео ги возбуди навивачите на Партизан, а видете сами како изгледаше сето тоа и проценете што му беше на ум на Вашингтон.

- Оглас -

Најнови вести