Од осумте мечеви кои денеска се играат на Светското првенство во ракомет, на дури шест уште сега е познато кој ќе победи, барем ако се гледаат квотите кои се понудени. Франција, Бразил и Шпанија се апсолутни фаворити во дуелите против Саудиска Арабија, Уругвај и Чиле, па тука понудата е победата да биде изразена со барем 17 голови разлика.
И Шведска ќе брка триумф над 10 разлика против Зелонортска република, а хендикепот е поставен на 12,5 голови. Интересно е дека Зелонортска република во првото коло убедливо победи со 33:25 против Уругвај, а сега е апсолутен аутсајдер.
Победи треба да забележат и Црна Гора против Иран, меч кој го има во Специјалниот сингл на Sport Life, а Португалија „лови“ триумф над Јужна Кореја. Возбудувања се очекува да има на дуелите меѓу евопските селекции Исланд – Унгарија и Полска – Словенија.
Во понудата на Sport Life има и 32 ракометари за играта „плус-минус“ голови.