Дали е можно? Реал ќе му помогне на Ливерпул да го купи Мбапе!

Ако треба да му се верува на сензационалистичкиот британски весник „Сан“, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, е решен да го земе Садио Мане од Ливерпул, а ако се случи тој трансфер, Црвените со парите од продажбата на Сенегалецот (од 150 до 170 милиони) и плус 100 милиони евра би тргнало да го ангажираат Килијан Мбапе од ПСЖ.

Ова е само шпекулација, но којзнае, во светот на фудбалот има непредвидливи работи. Зидан е фан на 28-годишниот Мане, кој пред 18 месеци го продолжи договорот со Ливерпул и има договор до 2023 година. Мане не настојува да си оди, освен ако клубот не реши да го продаде. Доколку Мане замине, Ливерпул со сите сили ќе тргне по суперѕвездата на Пари Сен Жермен.

Во декември, Јирген Клоп рече дека нема никакви шанси клубот да си дозволи да го купи Мбапе, но тоа беше пред договорот со „Најки“, кој е нов спонзор на тимот. Ливерпул од американскиот производител на спортска опрема ќе зема 100 милиони фунти годишно.

Реал Мадрид и Ливерпул се меѓу клубовите кои се најмалку погодени од кризата со Коронавирусот и можеби навистина некој од нив ќе го купи Мбапе и ќе го урне светскиот рекорд за најскап трансфер во историјата на фудбалот. Мбапе има договор до 2022 и нема намера да го продолжи. Шпекулациите беа дека Реал ќе тргне по него во летото 2021, но можеби Ливерпул ќе им ги расипе плановите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести