Дали е на повидок сензационален камбек на Нагелсман во Баерн?!

Актуелниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман би се вратил на клупата на Баерн Минхен, објави Скај Германија кој се повикува на избори блиски со селекторот.

Според Скај Германија, Нагелсман смета дека има незавршена работа во Баерн Минхен бидејќи во март минатата година не беше отпуштен поради слаби резултати, туку поради неговиот „судир“ со сенаротите во соблекувалната како Томас Милер, кои издејствуваа кај управата да му врачи отказ со обазложение дека заминал на скијање во Австрија без да ги извести.

Нагелсман има договор со Германската федерација до завршување на ЕП, по што нема да претставува изненадување доколку не му биде продолжен и тој се врати на клупата на Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести