Највредната индивидуална награда во фудбалот, популрната Златна топка ги доби имињата на 30-те потенцијални освојувачи. Неверојатно делува, но вистинито е дека на оваа листа од 30-мина играчи ги нема Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Дури 21 година Меси и Ронално, или барем еден од овие двајца, биде дел од завршницата. Меси е рекордер со осум трофеи Златна топка, а Роналдо има најмногу номинации. Сега ги нема и двајцата, што и не е големо изненадување ако се знае дека Меси е во САД, а Роналдо е во Ал-Наср во Саудиска Арабија.
Ако за Меси и Роналдо не е изненадување што ги нема на листата, за многумина е чудно како во Топ 30 нема место за Родриго од Реал Мадрид. Бразилецот беше важна алка во играта на Кралскиот клуб, кој стигна до трофеите во Лигата на шампионите и домашното првенство, но не е во листата од 30-темина играчи.
Некои од фановите сметаат дека за Родриго немало место на листата затоа што голем дел од играчите се од Кралскиот клуб. Дури седуммина играчи на Реал се во Топ 30, и тоа: Тони Крос, Винисиус јуниор, Валверде, Мбапе, Белингам, Карваљо и Рудигер.
На листата има и играчи од калибарот на Довбик, Лукман, Дијас, Одегард, Рајс, Вилијам Салиба, но не и за Родриго од Реал Мадрид.
И славниот сонародник на Родриго, Нејмар, го искоментира отсуството на играчот на Реал од листата.
„Минимум во топ 5 на светот. Играчиште“, напиша Нејмар и постираше слика од Родриго.