Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, нема да биде присутен на трибините на „Олд Трафорд“ на денешниот натпревар на Црвените ѓаволи против Брентфорд. Овој натпревар би можел да биде одлучувачки за судбината на Ерик тен Хаг како менаџер на тимот. Ако исходот не биде победа за домаќините, Холанѓанецот може да биде отпуштен.
За време на меѓународната пауза, раководството на Манчестер јунајтед донесе интересно решение и го раскина договорот на Алекс Фергусон како амбасадор на клубот.
Според информациите, Фергусон заработувал околу 2 милиони фунти годишно од оваа улога. Во обид да ги намалат трошоците, новите сопственици од „ИНЕОС“ одлучија да го раскинат договорот со една од најголемите легенди во историјата на фудбалот.
Медиумите на Островот известуваат дека Алекс Фергусон има „поважен ангажман“, што ќе го спречи да биде присутен на стадионот на денешниот натпревар. Не е познато дали е тоа реакција на раскинатиот договор како амбасадор на клубот.