Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, е казнет со четири години суспензија поради користење допинг.
Италијанскиот антидопинг трибунал му изрече четиригодишна суспензија, а Погба има право да се жали.
Погба падна на допинг-тест кон крајот на август 2023 година, по воведниот натпревар во Серија А на сезоната помеѓу Јувентус и Удинезе, кој целосно го помина на клупата за резерви. И вториот примерок направен во октомври исто така беше позитивен.
Погба беше привремено суспендиран во септември 2023 година, оттогаш нема тренирано со останатите соиграчи од Јуве, а и платата му беше намалена на околу 2.400 евра месечно, како што е предвидено со колективниот договор меѓу клубовите и здружението на фудбалерите.
Бидејќи дисквалификацијата почна на 11 септември минатата година, Погба е суспендиран до 10 септември 2027 година. Тогаш Французинот би имал 35 години.