7.8 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Дали е ова најглупавиот фаул во историјата на кошарката? (Видео)

Колеџ кошарка во САД има посебна атрактивност и шмек, а некогаш во огромна желба да се стигне до победата, се прават непромислени потези. Токму таков еден потег се случи во финишот на мечот меѓу екипите на Саутерн Орегон и Бушнал.

На 1,2 секунди до крајот екипата на Саутерн Орегон имаше предност од 70:68 и две слободни фрлања. Делуваше дека тоа ќе биде формалнна завршница, но кошаркарот кој беше на линијата за слободни фралања го промаши првиот удар, а потоа намерно го промаши и второто слободно фрлање мислејќи дека така побрзо ќе помине времето.

Сепак, топката ја освое еден противнички играч и од огромна далечина веднаш се обиде да шутира во немоќ. Сепак, во тој момент, токму играчот кој ги промаши слободните фрлања, реши да се обиде да блокира и го фаулираше противникот, а судиите покажаа дека тоа е шут за три поени и следуваа три „пенали“, кои беа реализирани, па екипата која беше на работ на поразот, на крајот стигна до триумф од 71:70.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @sportswave.x

- Оглас -

Најнови вести