Дали е ова најголемото промашување во Премиер лигата сезонава? (Видео)

Астон вила и Ливерпул одиграа интересен меч кој на крајот заврши 3:3. Ливерпул водеше со 3:1 на пет минути до крајот, но домаќините не се предадоа и со два погодоци во завршицата стигнаа до бод.

Покрај шесте погодоци што беа постигнати, дуелот ќе се памети и по едно неверојатно промашување. Се играше 36-тата минута кога стоперот на Астон вила, Диего Карлос, промаши стоостотна шанса.

Бразилецот се најде сам пред противничкиот гол, но наместо лесно да ја смести топката во голот, само од еден метар успеа да промаши празен гол.

Aston Villa chance vs Liverpool 36′
byu/Chelseatilidie insoccer

- Оглас -

Најнови вести