Дали е ова најконтроверзниот поен во историјата на тенисот? (Видео)

Канадскиот тенисер Феликс Ожер-Алијасим е елиминиран во третото коло од Мастерс турнирот во Синсинати, откако со 2:1 во сетови загуби од Џек Драпер од Велика Британија. Мечот финишираше со еден од најконтроверзните поени во историјата на тенисот, а Драпер на крајот се радуваше.

Британскиот тенисер имаше втора меч топка, кога се обиде со волеј удар да го заврши мечот, но топчето удри прво во земјата, а потоа се врати во неговиот рекет. Очигледно беше двократното одбивање на топчето, но судијата реши дека поенот е регуларен.

Иако Оже-Алијасим бараше да се повтори поенот, судијата остана доследен на својата одлука, иако дури и навивачите скандираа дека треба поенот да се преигра.

Драпер во четвртфиналето во Синсинати ќе игра против Холгер Руне.

https://twitter.com/i/status/1824656436862783598

- Оглас -

Најнови вести