Кошаркарите на Бешикташ успеаа на свој терен да го победат Ефес Пилсен и на тој начин да обезбедат место во финалето на кошаркарскиот плејоф. Во мајсторката, Бешикташ беше подобар со 82:75 и тоа беше доволно да се радува со 3:2 во победи и да обезбеди место во големото финале.
Следен ривак на Бешикташ ќе биде тимот на Фенербахче, актуелниот европски владетел.
Мајсторката по која Бешикташ се радуваше ќе се памти и по еден необичен шут, а е во изведба на Даглас Оздемироглу. Овој кошаркар имаше вкупно шест шутеви од поле и сите ги промаши.
Едно промашување на Оздемироглу е посебно за чудење. Се играа последните три минути од мечот кога Оздемироглу беше сам на шутот за три поени, a иако непречен од никого, шутот за три поени заврши од другата страна на табелата од кошот.
ΜΑΣ ΕΛΕΙΨΕΣ ΕΣΥ ΨΥΧΟΥΛΑ ΜΟΥ #paobc pic.twitter.com/MBLyWczG9H
— Free (@RentFree7000) June 14, 2025