15.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Дали е ова најлудата бокс рунда? Имаше четири нокдауни, два казнени бода, а на крајот следуваше нокаут (Видео)

Неверојатен епилог имаше еден боксерски меч меѓу младиот Себастијан Хуарес и Демаркус Лејтон што се одржа синоќа во Америка.

Хуарес стигна до својата десетта победа во исто толку борби, но тоа го направи на неверојатен начин. Уште во првата рунда беше разнишан добивајќи неколку силни удари во главата и едвај стоеше на нозе. Судијата дури и му одзеде два бода затоа што постојато го држеше противникот, начин на којшто се обидуваше полека да ја врати силата.

Младиот боксер изгледаше целосно изгубено во рингот, но за кратко време успеа да го забави притисокот на Лејтон. Хуарес го искористи ова на вистински начин и тргна во контранапад. Прво силно го удри противникот на 40 секунди до крајот на рундата и го испрати на подот.

Лејтон брзо стана и изгледаше стабилно, но само за кратко време. Следуваше уште еден нокдаун, овојпат беше јасно дека Лејтон е сериозно потресен и дека Хуарес многу брзо ќе ја заврши борбата.

Јажињата едвај го држеа, судијата сепак дозволи борбата да продолжи, но третиот нокдаун го испрати низ јажињата и борбата веднаш беше прекината. Така, во хаотична прва рунда, Хуарес го сврти речиси изгубениот меч и го одржа совршениот професионален резултат од 10-0.

- Оглас -

Најнови вести