Дали е ова некој предзнак? Штом навивачите на Барселона почнаа да скандираат „Меси, Меси“, каталонскиот тим не може да победи

Лионел Меси има уште три месеци од договорот со Пари Сен Жермен, а потоа станува слободен играч и ќе може бесплатно да замине во кој било друг клуб. Аргентинецот две сезони игра во францускиот тим, а претходно повеќе од 20 години беше дел од Барселона.

Навивачите на ПСЖ се незадоволни од ефектот на Меси за нивниот тим и на последните неколку меча јавно негодуваа и го исвиркуваа Аргентинецот. Како одговор на тоа, фановите на Барселона покажаа дека тие уште го сакаат Меси и започна акција за враќање на Лео на „Камп ноу“.

На последните два меча на кои Барселона ги играше пред своите навивачи, повеќе од 90.000 луѓе на „Камп ноу“ во еден глас скандираа „Меси, Меси, Меси“. Со тоа тие само потврдија дека сакаат повторно да го видат Меси во нивниот тим.

За несреќа на Барселона, за каталонскиот клуб на тие две средби на кои се скандираше името на Меси резултатот беше неповолен. Во Ел Класико загубија убедливо со 0:4 од Реал Мадрид и не успеаја да се пласираат во Купот на Шпанија, а потоа и на средбата против Жирона и иако беа апсолутни фаворити, одиграат само 0:0, а во 10-тата минута целиот стадион грмеше „Меси, Меси“.

На социјалните мрежи веќе започнаа шегите на сметка на Меси дека тој едноставно сезонава ѝ носи лоша среќа на Барселона и прашање е дали неговото враќање во каталонскиот гигант би била добра идеја.

- Оглас -

Најнови вести