Победата на Барселона против Бетис од 4:0 посебно ќе ја памти 15-годишниот талентиран фудбалер Ламин Јамал. Овој тинејџер е фудбалски бисер од школата на Барселона, а вечерва доби шанса да дебитира за првиот тим.
Јамал е офанзивец и против Бетис во игра влезе во 86 минута на местотона Гави. Интересно е дека Гави има само 18 години, а овојпат местото му го отстапи на три години помладиот соиграч.
Со дебито на „Камп Ноу“, Јамал стана најмладиот фудбалер во историјата на Барселона со точно 15 години и 290 денови. Што се однесува до најмладите дебитанти во историјата на шпанското првенство, Јамал е на петото место.
1 – Lamine Yamal has become the youngest player to make his debut for Barcelona in the history of LaLiga and the fifth overall:
Luka Romero (15 years, 219 days).
Samson (15y, 255d)
Pedro Irastorza (15y, 288d)
Óscar Ramón (15y, 289d)
LAMINE YAMAL (15y, 290d)Youth. pic.twitter.com/zWaN25yeOU
— OptaJose (@OptaJose) April 29, 2023
Таткото на ова талентирано момче е од Мароко, а мајка му е од Екваторијална Гвинеја. Тој има настапи за младата репрезентација на Шпанија, но за него се бори и Мароко, да го добие на сениорско ниво.
Иако има само 15 години, Јамал веќе е стандарден во У 19 тимот на Барселона, а сега дебитираше и за сениорскиот тим, па дури имаше шанса и да постигне гол, но голманот на Бетис го одбран неговиот удар. Јамал се покажа и како одличен додавач, но штета затоа што Дембеле пропушти да реализира чист погодок.
https://twitter.com/i/status/1652421981051011074
What a pass by Lamine Yamal! pic.twitter.com/cJVkGKjvBh
— FCB Canteranos (@fcbcanteranos) April 29, 2023