Дали е време повторно да работат заедно: Рамос разговарал со Мурињо

Серхио Рамос и официјално потврди дека во следната сезона нема да го носи дресот на Реал Мадрид. Играчот кој 16 години беше лојален на Кралевите, си заминува и тоа како слободен играч. Рамос сам треба да одлучи кој ќе биде неговиот следен клуб.

Голем број на европски клубови сега се во трка за потписот на Рамос, а играчот кој ги освоил сите најзначајни трофеи треба сам да одлучи. Последните информации од Италија велат дека Жозе Мурињо телефонски му се јавил на Рамос и разговарале. Се верува дека Мурињо едноставно сака да го убеди Рамос да потпише за Рома.

Сепак, голем проблем за Мурињо да го убеди Рамос да дојде на „Олимпико“ е фактот дека Рома во новата сезона нема да игра во Лигата на шампиони, натпреварување во кое е „претплатен“ Рамос.

- Оглас -

Најнови вести