Дали е време за пензија, Златан повторно се повреди

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, само што закрепна од една повреда, заработи нова, која може да го натера да одлучи да ја заврши кариерата.

Златан додека се загревал и се подготвувал да влезе во второто полувреме на вчерашниот натпревар на Милан против Лече (2:0), почувствувал болка во мускулот на ногата и го известил тренерот Стефано Пиоли дека нема да може да игра.

Според италијанските медиуми, поради новата повреда која е од потешка природа, сезоната за Ибрахимовиќ е завршена, а може да значи и крај на кариерата.

- Оглас -

Најнови вести