Дали е загрозено Светското првенство? – „Да имав кристална топка, ќе ви кажев“

Светот е загрижен од новите воени конфликти на релација САД – Иран, па во последно време се прашуваат дали Светското првенство во фудбал, кое започнува во јуни, би можело да биде одложено. За тоа, но и за други прашања, одговор даде оперативниот директор на ФИФА за Светското првенство, Хајмо Ширги, истакнувајќи дека турнирот е премногу голем за да се одложи дури и во услови на израелско-американски напад врз Иран.

Ширги потенцираше дека ФИФА внимателно ја следи воената ситуација во Иран и нејзините последици.

„Да имав кристална топка, можев да ви кажам што ќе се случи, но јасно е дека ситуацијата се развива и се менува од ден на ден, па ние ја следиме со големо внимание“, изјави Ширги во врска со Светското првенство, кое е предвидено да се одржи од 11 јуни до 19 јули во Канада, САД и Мексико.

„Соработуваме со сите наши национални и меѓународни партнери за проценка на ситуацијата, ја разгледуваме секојдневно и на одреден момент ќе имаме решение. Светското првенство, секако, ќе се одржи. Турнирот е премногу голем и се надеваме дека сите кои се квалификувале ќе можат да учествуваат“.

На почетокот на годината се појавија информации за можен бојкот на Мундијалот, што доаѓаа од Германија.

Еден од потпретседателите на Германската фудбалска федерација, Оке Готлич, тогаш истакна дека репрезентациите треба да размислат за бојкот на Светското првенство 2026 поради однесувањето и постапките на американскиот претседател Доналд Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести