Дали финалето ќе биде посиромашно за две или три ѕвезди?

Во пресрет на вечерашното финале во ракометната Лига на шампиони, каде во „Ланкес арената“ во Келн ќе се сретнат Вардар и Веспрем, финалниот меч сигурно ќе биде посиромашен за две ѕвезди.

На тренерот Давид Дејвис нема да му бидат на располагање поранешниот Вардарец Арпад Штербик, како и капитенот Ласло Наѓ. Двајцата се повредија во полуфиналниот дуел против Кјелце, така што Веспрем ќе се потпира на останатите играчи.

Што се однесува за Вардар, засега е непозната состојбата на Игор Карачиќ. Хрватскиот организатор на игра на Вардар се здоби со повреда на листот од левата нога во последните минути од дуелот со Барселона. Тој има болки во ногата, а по прегледите ќе се знае дали Карачиќ ќе може да уште еднаш да истрча на теренот во „Ланксес“ и да им помогне на Црвено-црните да дојдат до втората европска титула.

Финалето Вардар – Веспрем е закажано за 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести