Дали го имаме голот на сезоната, ги фрли во транс навивачите со „рабона“ (Видео)

Екипата на Спортинг Лисабон со 3:0 ја совлада Боавишта во 24-то коло во португалската лига, а голот на Нуњо Сантош сигурно ќе конкурира за гол на годината.

По акцијата на неговите соиграчи од Спортинг Лисабон по левата страна, топката дојде до него, а тој од 12-тина метри со „рабона“ постигна прекрасен гол.

Спортинг со победата ја продолжи битката за третото место на табелата кое моментно го држи Брага и кое носи пласман во квалификациите за ЛШ. Спортинг сега има 50 бода, пет помалку од Брага.

- Оглас -

Најнови вести