Црвена ѕвезда втора сезона по ред игра во групната фаза од Лигата на шампиони, што значи дека имаат жесток распоред. Во средата, Црвено-белите гостуваа кај Баерн Минхен во првото коло од елитната лига на УЕФА и загубија со 3:0, во меч на кој поткеклаа во последните 10-тина минути.
Во Ѕвезда немаат многу време за анализирање на тој меч, бидејќи веќе утре ги очекува нов предизвик во домашното првенство и тоа против вечниот ривал Партизан. Шампионот ќе гостува кај градскиот ривал, во обид да го задржи перфектниот биланс во првенството. Ѕвезда има шест победи во шест меча, а Партизан е без пораз досега, но има четири победи и две реми.
„Исцрпени сме бидејќи 90 минути се боревме против Баерн. Сепак, вечното дерби е дуел во кој заморот го снемува. Сите сме максимално фокусирани да направиме добар резултат. Вечното дерби е меч кој носи посебна тежина. Знаеме колку е тој меч важен за целата земја и секогаш е голема чест да се биде дел од тој натпревар“, вели бекот на Црвена ѕвезда, Марко Гобељиќ.
И Партизан нема многу време за подготовка за дербито. Црно-белите дури имаат и еден ден помалку одмор од ривалот, бидејќи тие во четвртокот играа во групната фаза од Лигата на Европа против АЗ Алкмар (реми 2:2). Тоа што е предност за Партизан е што играа на домашен терен и немаа дополнително малтретирање со патување, а и сега пред своите навивачи ќе играат против Ѕвезда.
Квотите за тоа кој е фаворит во дербито може да ги видите на Sport Life, каде во понудата ги има за обложување и сите останати мечеви од српското првенство.