Дали играчот на Лестер е најзаслужен за промашениот пенал на Салах? (Видео)

Лестер со 1:0 го победи Ливерпул во меч на кој гостите има за што да жалат. Ливерпул уште во 15-тата минута имаше шанса за погодок, кога беше досуден пенал за гостите.

Мохамед Салах, кој четири години нема промашено пенал во Премиер лигата, ја презеде одговорноста, но неговиот удар го одбрани Каспер Шмајхел. Во второто полувреме Лестер даде еден гол, и тоа на крајот беше доволно домаќините да се радуваат.

Како една од причините за тоа зошто Салах го промаши пеналот се посочува Џејмс Мадисон. Играчот на Лестер нешто му дофрли на Салах, и тоа непосредно пред голгетерот на Ливерпул да го шутира пеналот.

Иако јасно се гледа дека Мадисон се обидува да го деконцентрира Салах, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, воопшто не верува дека неговиот играч бил деконцентриран.

„Мадисон сигурно нешто му кажа на Салах. Сепак, тоа не е проблем. Не може да го дефокусира Салах. Едноставно се случува и да се промаши пенал“, рече Клоп.

https://twitter.com/i/status/1475925608140050433

- Оглас -

Најнови вести