Дали Јокиќ и друштвото ќе „им пуштат“ на Лејкерс и ќе чекаат да губат 3:1 па да се разиргаат?

За Денвер нагетс во овој плејоф не е ништо чудно да биде во подредена ситуација. Тимот кој влезе во историјата како прв кој успеа два пати да се врати по негатива од 1:3 и на крајот да слави со 4:3, вечерва повторно е аутсајдер. Никола Јокиќ и друштвото играат против Лос Анџелес лејкерс, кои беа најдобри во регуларниот дел од НБА на Западот.

Според коефициентите, Лејкерс е голем фаворит за да поведе со 2:0 во победи. Освен според играчкиот кадар, на страна на тимот од ЛА е и традицијата која вели дека сезонава во регуларниот дел овие два тима одиграа четири меча, а Лејкерс победи три пати. Ако се додаде и триумфот во првиот меч од плејоф серијата, тогаш јасно е дека Леброн Џејмс и дружината се фаворити за да поведат со 2:0.

На вакви мечеви секогаш е интересно да се обложите и на тоа колку поени ќе дадат играчите или колку скокови и асистенции ќе имаат. Според „границите“ во Sport Life, првиот стрелец на мечот треба да е бара меѓу Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Сепак не треба да се заборави дека Денвер е најопасен кога го сметаат за „отпишан“, па навистина е голем предизвик да се погодат неколку точни прогнози на овој НБА дуел.

 

- Оглас -

Најнови вести