Новото коло на Спортска прогноза ќе биде едно од највозбудливите досега затоа што има голем број дерби-дуели. Во Истанбул „ќе гори“ на Галатасарај – Бешикташ, а секогаш е интересно и во големото лондонско дерби меѓу Тотенхем и Арсенал.
Битка за градот ќе има и во Рим, каде што Рома на „Олимпико“ е домаќин на Лацио, а во Серија А се игра и големото дерби на Италија, во кое Јувентус ќе го пречека Интер.
Во Франција ќе играат Олимпик Марсеј и Олимпик Лион, додека шпанското дерби ќе биде „битката за Андалузија“ меѓу градските ривали Бетис и Севилја.
И останатите дуели во ова коло се многу интересни, па секој обложувач треба да си ја проба среќата со прогнозирање. За оној кој ќе успее да погоди Среќна 13-ка, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X). Со 12 погодени се добива ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а 11-ка се вреднува со ваучер од 500 денари.
Едноставно, секогаш е предизвик да се тестираат способностите за прогнозирање во оваа бесплатна игра во која може да добиете и убави подароци, па затоа ПРОГНОЗИРАЈТЕ.