Отворено е типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.
Во понудата се нови 13 пара, а најголем предизвик треба да бидат неколку интересни мечеви, меѓу кои е и одговорот дали ќе продолжи победничката низа на Манчестер јунајтед. Ѓаволите претстојниот викенд му гостуваат на Нотингам форест.
Терминот до кој може да типувате е сабота во 15 часот.
Саботата ни носи уште едно дерби од Премиер лигата, лондонската пресметка меѓу Тотенхем и Челзи, како и дуелот од Бундеслигата меѓу Лајпциг и Штутгарт.
В недела во фокусот е дуелот од Серија А меѓу Милан и Рома.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


