Живата фудбалска легенда Марсело Виеира да Силва Јуниор, или попознат само како Марсело, на практичен начин со два еврогола објасни дека класата е вечна.
Еден од најтрофејните фудбалери на сите времиња со околу 30 пехари денеска го играше вториот меч за грчкиот Олимпијакос и иако е бек и има 34 години, одигра брилијантно, а головите му беа фантастични.
Олимпијакос го победи Атромитос со 4:1 во првиот осминафинален меч од Грчкиот куп, а Марсело велемајсторски погоди најпрво во 50-тата минута за 2:1.
Марсело го поситигна и последниот погодок на мечот за конечни 4:1 во 65-тата минута, а и тој гол беше вистинско ремек-дело.