19.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Дали клучниот момент за убедливиот пораз на Баерн кај Феенорд се случи во првата минута од мечот!? (Видео)

Феенорд го направи најголемото изненадување во седмото коло од Лигата на шампионите откако убедливо со 3:0 го победи Баерн Минхен. Дуелот во Ротердам беше фантастичен за домашните, а фудбалерите на теренот имаа неверојатна поддршка и од навивачите кои беа на трибините.

Според многумина, токму феноменалната атмосфера и бодрењето од трибините беше еден од клучните моменти за оваа победа на Феенорд. Само што започна средбата, фановите на холандскиот гигант направија фантастична пиротехничка кореографија.

Главниот судија дури мораше да го прекине мечот додека не се смират страстите на трибините, а потоа средбата продолжи. Токму оваа феноменална кореографија и атмосфера на самиот почеток од дуелот како да им ги „пресече нозете“ на фаворизираните гости, па иако доминираа на терено, не успеаја да постигнат ниту еден гол, а играчоте на Феенорд од три шута се израдуваа трипати, што значи дека стооосто се прецизни.

- Оглас -

Најнови вести