Дали коефициентот открива дека ќе има пенал за Италија?

Според традицијата, фудбалерите со кои располага и фактот дека игра на домашен терен, Италија е голем фаворит во дуелот против Македонија. Дури и обложувалниците ја сметаат Македонија како најголем аутсајдер во сите европски бараж-дуели кои се играат вечерва, па за победа на нашите фудбалери, квотата е неверојатна.

Во Sport Life има и дополнителна понуда за тоа кој ќе го постигне првиот гол или кој ќе даде гол во текот на мечот. Тука главни фаворити за погодок се италијанските репрезентативци. Енис Барди, кој ги шутира и пеналите кај Македонија, има најголеми шанси од нашата селекција да го даде првиот гол на мечот и коефициентот за тоа е дури 20. Потоа следуваат Трајковски (22 квота), Алиоски (30), Николов (35), Чурлинов (35), за Бабунски и Спировски квотата е 55, а за Адеми да го даде првиот погодок, коефициентот е дури 65.

Македонија да го изведе првиот корнер има коефициент 3.60, а Италија да добие пенал коефициентот е 2.70, додека за Македонија изнесува дури шест. Македонија да го добие првиот црвен картон е со квота 2.50, додека Аѕурите први да останат со играч помалку на теренот вреди коефициент 9.00.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести