5.8 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Дали Кулушевски не збореше на македонски затоа што тоа му е забрането од клубот?

Дејан Кулушевски е фудбалерот кој пред само шест години го носеше дресот на јуниорската репрезентација на Македонија и требаше да биде еден од најголемите адути за сениорскиот тим. Сепак, момчето кое е родено во Шведска се одлучи да го остави македонскиот дрес за да може да заигра за Шведска, а не за земјата од која потекнуваат неговите родители.

Родителите на Кулушевски се од охридскиот регион и тој како дете ја посетувал нашата земја почесто, а секако тука бил и за време на репрезентативните обврски во јуниорската репрезентација.

Затоа на многумина им падна чудно како Кулушевски по синоќешниот меч на Манчестер јунајтед и Тотенхем, одби да зборува на македонски јазик кога тоа од него го побара српскиот новинар.

Постојат две опции зошто Кулушевски не зборуваше на македонски јазик, јазикот на неговите родители и земјата за која првично почна да игра во репрезентативен дрес. Дали Дејан од некористење на македонскиот јазик во последниве неколу години, го заборавил јазикот ја земјата од која потекнува или се работи за забрана?

Пред неполн месец, тренерот на Тотенхем, Антонио Конте даваше интервју за италијански медиуми и тоа го направи на италијански јазик. Англиските медиуми потоа го превземаа тоа интервју и се случи хаос. Според Конте, англиските медиуми, погрешно ги интепретирале неговите зборови и пренеле нешто што тој не кажал.

Токму затоа, од Тотенхем му забранија на Конте да дава интервјуа на италијански јазик, па дури и кога тоа се работи за италијански медиуми. Ако во Тотенхем таа забрана за давање интервјуа на други јазици освен англискиот, важи за сите во клубот, тогаш јасно е зошто Дејан Кулушевски одби да зборува на македонски јазик. Дури и да е така, Кулушевски на македонски јазик можеше да објасни дека клупската политика е интервјуата да ги даваат на официјалниот јазик на земјата во која игра, а потоа да почне да борува на англиски. Вака, Кулушевски со гестикулации и многу лош обид да збори македонски јазик, не беше многу убедлив дека го владее јазикот на земјата од која потекнува.

Интервјуто кое Дејан Кулушевски го даде за Спорт Клуб може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести