Дали Лазаров се прости од репрезентацијата како играч на натпреварот?

Најдобриот македонски ракометар во 21-виот век, Кирил Лазаров, денеска можеби го одигра и последниот натпревар во дресот на нашата репрезентација. За овие повеќе од 20 години колку што е репрезентативец, Лазаров никогаш не одби да игра за Македонија, даде илјадници голови, а колкава легенда е на светскиот ракомет, покажува и што Египќаните во пресрет на денешниот меч со Белорусија го претставија како крал на ракометот, фотографиран како седи на кралски престол во Каиро.

Лазаров има 40 години и уште е нашиот најдобар играч и лидер, а ако ова му беше последен настап на официјален меч од омилениот дрес кој го носеше со љубов и гордост, тогаш Кире се повлекува како што заслужи, со признание за најдобар поединец. За жал, Македонија загуби, Лазаров нема да го памети по добро овој Мундијал, резултатите не беа како што се надеваа, но тоа е реалноста.

А, каква ќе биде новата македонската ракометна репрезентативна реалност без Лазаров, веројатно наскоро ќе дознаеме.

- Оглас -

Најнови вести