Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ја завршија сезоната веќе во првото коло од плејофот, откако беа елиминирани од Минесота, но најголемото прашање по поразот не се однесува на тимот – туку на иднината на Леброн Џејмс.
„Кралот“ Џејмс, кој има 40 години и ја заврши својата 21-ва сезона во НБА, не донесе конечна одлука веднаш по елиминацијата во петтиот натпревар, но неговата изјава предизвика многу шпекулации.
„Немам одговор на тоа прашање“, кратко рече Џејмс кога беше прашан дали планира пензија.
„Ќе седнам со сопругата, семејството, најблиските… Ќе морам да разговарам и сам со себе, да видам колку сè уште сакам да играм. Ќе видиме.“
И покрај тоа што има 40 години, Џејмс и понатаму е еден од најдобрите играчи на тимот. Но, ЛА лејкерс не успеаја да направат исчекор, иако го донесоа Лука Дончиќ, а во замена останаа без Ентони Дејвис. Недостатокот на класичен центар ги чинеше пораз против силниот тим на Минесота.