Дали Левандовски и Меси по мечот расчистија за непријатната ситуација на теренот? (Видео)

Двете фудбалски суперѕвезди, Лионел Меси и Роберт Левандовски со капитенските ленти на рацете ги одведоа своите национални селекции во нокаут-фазата од Светското првенство. Аргентина со 2:0 ја победи Полска, но Полјаците и покрај овој пораз, на крајот завршија втори во групата и ќе играат против Франција во осминафиналето.

Во текот на мечот камерите забележаа една по малку необична ситуација, а тоа е кога Левандовски помина покрај Лео и Полјакот му подаде рака на Аргентинецот, но Меси едноставно го игнорираше.

Збунувачки делуваше игнорантскиот однос на Меси кон Левандовски, а по завршување на средбата, двајцата капитени имаа малку подолг разговор, па на крајот со насмевка и прегрнати си заминаа од теренот.

- Оглас -

Најнови вести