Дали Мбапе најави останување во ПСЖ: Играм во Париз за да испишам историја

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, изјави игра за да соборува рекорди на ПСЖ како и во француската репрезентација.

ПСЖ вчера го совлада Нант со 4:2 во 26-то коло во Лига 1, а Мбапе постигна еден гол и го запиша своето име со златни букви во историјата на Светците. Тоа беше негов 201-ви гол во дресот на Светците со што стана најдобар стрелец во клупската историја, престигнувајќи го рекордот на Единсон Кавани.

„Игра за да испишувам историја. Секогаш велев дека сакам да испишам историја во Франција, во мојот град, во главниот град. Тоа и го правам и чувството е преубаво, но пред мене е голем пат. Тоа е личен успех, но за клубот и за репрезентацијата нормално е дека играм и за колективните успеси“, изјави Мбапе.

Со денешната изјава, Мбапе ги израдува навивачите на ПСЖ кои сметаат дека овие зборови се најави за негово останување на „Паркот на принцевите“ и идната сезона иако голем интерес за него пројавува Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести