Дали Меси требаше да биде повлечен од игра, што вели статистиката?

Дебито на Лионел Меси во дресот на Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ ги возбуди страстите. Аргентинецот не постигна гол, но сепак е топ-тема по мечот на којшто беше заменет во второто полувреме на дербито против Лион.

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, реши да го извади Меси од игра при резултат 1:1, а шесткратниот освојувач на Златната топка воопшто не беше воодушевен од овој потег на стратегот. Меси дури одби да се поздрави со Покетино.

Без Меси на теренот, ПСЖ во последните 15 минути дополнително притисна и успеа да даде победнички гол за 2:1. Многумина дебатираат околу тоа дали Меси успеа да се снајде во новата средина како што посакува или ќе биде промашување овој трансфер, а бројките има што да покажат.

Меси синоќа против Лион бил вклучен во шест шута на ПСЖ кон противничкиот гол (четирипати шутираше, а двапати им создаде шанса на соиграчите). Сезонава само Килијан Мбапе успеал да биде вклучен во повеќе опасни акции за прротивникот, и тоа на дуелот против Клермонт, кога францускиот репрезентативец активно учествувал во седум акции.

 

- Оглас -

Најнови вести