img#wpstats{display:none}

Дали Милан може да стане италијанскиот Челзи?

Веќе неколку години некогашниот европски и италијански првак Милан се обидува да се врати на старите победнички патеки. „Росонерите“ се далеку од успесите на кои некогаш се радуваа навивачите на „Сан Сиро“. Финансиската ситуација во Милан не е на посакуваното ниво и се бара вистински инвеститор.

Според најавите на некои италијански медиуми, рускиот милијардер Алишер Усманов може да се реши да го преземе кoнтролниот пакет во Милан. Богатството на рускиот олигарх се проценува на 15 милијарди евра. Најголемите инвестиции тој ги има во областа на енергетиката, медиумската индустрија и дигиталната технологија. Тој е и многу близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин.

Усманов во минатото инвестираше во Динамо Москва, а неодамна се откажа од 30 отсто од акциите кои ги имаше во Арсенал, и тоа за околу 650 милиони евра. Милан во моментов е во сопственост на групацијата „Елиот“. Тоа e американски инвестициски фонд, кој го презеде клубот откако кинескиот инвеститор Јонг Хонг Ли немаше пари да ги плати кредитите кои ги имаше земено од групацијата „Елиот“.

Пример за одлична руска инвестиција во светскиот фудбал е Челзи. Англискиот клуб пред повеќе од 10 години како сопственик го доби Роман Абрамович, а рускиот милијардер успеа од лондонскиот клуб да направи да биде меѓу најдобрите во Европа.

Милан вечерва на свој терен игра дерби-дуел против Наполи во Купот на Италија. Само пред три дена овие два тима играа на „Сан Сиро“ во Серија А, а дуелот заврши без погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести